• четврток, 26 декември 2024

Невработени кумановци да се пријават за програмата „Инклузивна училница 3“

Невработени кумановци да се пријават за програмата „Инклузивна училница 3“

Куманово, 12 август 2024 (МИА) - Надлежните од општина Куманово денеска ги повикаа невработените лица да се вклучат во програмата општинско-корисна работа преку проектот „Инклузивна училница 3“. Заинтересираните невработени лица можат да поднесат пријави за учество во програмата до Агенцијата за вработување, Центар за вработување Куманово наредните седум работни дена од денеска до 20 август, годинава.

Невработените ќе бидат работно ангажирани дваесет работни часа неделно, наредните девет месеци, при што статусот на невработените лица ќе им остане непроменет, а на невработените лица-корисници на паричен надоместок и на корисници на право на гарантирана минимална помош за времетраење на работно ангажирање, ќе им биде активно претходно остварено право.

- Право на учество во програмата имаат невработените лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во програмата. За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени се предвидува паричен надоместок во висина од 13.750 денари бруто износ за времетраењето на работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување, причинето со повреда на работа и професионална болест, изјави раководителот на Секторот за социјална заштита, Александар Крстевски.

За оваа програма можат да се пријават долгорочно невработени лица, млади лица до 29 години, лица постари од 50 години, корисници на гарантирана минимална помош, жени припадници на ромската етничка заедница и на останатите етнички заедници, самохрани родители, родители на деца со пречки во развојот, родители на три и повеќе деца.

-Активностите ќе бидат спроведувани во три средни училишта во нашиот град средните „Перо Наков“„Киро Бурназ“ и „Наце Буѓони“ Куманово, во паралелки на македонски и албански наставен јазик, појаснува Крстевски.

Предвидени се две позиции, образовен асистент во средно образование кој ќе помага на ученикот при совладување на наставната содржина во координација со класниот раководител, предметните професори, стручната служба, како и семејството на крајниот корисник. За оваа позиција единаесет се однесуваат образовни асистенти во училишта, каде што наставата се одвива на македонски наставен јазик, а тројца (три) работни позиции се однесуваат на образовни асистенти во училишта, каде што наставата се одвива на албански наставен јазик. На оваа позиција можат да конкурираат професор по одделенска настава, професор по предметна настава, педагог, психолог, дефектолог (специјален едукатор и рехабилитатор за лица со попреченост), социјален работник (во исклучителни случаи), социолог (во исклучителни случаи) или слично.
За работно место личен асистент во средно образование треба да понуди индивидуална помош и поддршка при движење во просторот на училиштето, помош и поддршка при патување до и од образовната установа и други пропратни активности. За позицијата личен асистент во средно образование, предвидена е да има високо образование. ам/дма/


Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан