• среда, 27 ноември 2024

Невработените лица од Кратово да се пријават за општинско–корисна работа

Невработените лица од Кратово да се пријават за општинско–корисна работа

Крива Паланка, 20 август 2020 (МИА) – Општина Кратово објави јавен повик за сите евидентирани невработени лица за вклучување во програмата општинско–корисна работа. Програмата се имплементира преку Агенцијата за вработување како дел од програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и договорот со општината.

-Се повикуваат сите евидентирани невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата преку проектот Почувствувај топлина” што ќе понуди социјални улуги и поддршка на деца со пречки во развој, вклучени во редовната настава. Ангажираните лица ќе се стекнат со соодветен сертификат, стекнувајќи се со вештини за постепено вклучување на пазарот на труд. Заинтересираните треба да се пријават во Агенција за вработување – Центар за вработување Кратово, посочуваат од општинскат служба за комуникација со јавноста.

Евидентираните невработени треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица: долгорочно невработени лица, над 12 месеци во евиденција со предност на невработени лица над пет години, млади лица до 29 години, лица постари од 50 години, жени припадници на ромска етничка заедница и на останатите етнички заедници, родители на деца со пречки во развојот, родители на три и повеќе деца, лица со незавршено средно или пониско образование, самохрани родители.

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на девет негователи на стари лица и лица со попреченост и образовни асистенти.

Статусот на овие лица за време на ангажманот останува непроменет, а на невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.

За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во програмата определен е паричен надоместок во висина од 9.000 денари бруто износ, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

Заинтeресираните невработени лица можат  да поднесат пријави од денеска до 26 август во Агенција за вработување – Центар за вработување Кратово, во периодот од  8 до 14 часот.

Програмата е дел од оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2020 година усвоен од Владата, а финансирана од буџетот на АВРСМ.ид/бт/

Остани поврзан