• среда, 18 декември 2024

Невладини бараат средба со премиерот за Водно

Невладини бараат средба со премиерот за Водно
Скопје, 9 март 2021 (МИА)Граѓанските здруженија „Го Сакам Водно“ и „О2 Иницијатива“ бараат средба со премиерот Зоран Заев, заедно со претставници од Шумарскиот факултет, МЗШВ, УХМР, ЦУК, Агенција за планирање на просторотво а во врска со процесот на ре-прогласување на дел од планината Водно за заштитено подрачје, но овој пат со многу ниска заштита од V категорија - заштитен предел.

-Носење на Одлуката за презаштита на Водно и носењето посебен Закон за Водно не може да одат рака под рака, зошто ќе се во меѓусебна колизија и ќе се поништуваат еден со друг. Или Одлука или Закон. Двете не може, наведуваат во соопштение. 

Според нив доколку Владата ја донесе предложената Одлука за презаштита на Водно, но овој пат од V категорија, ќе ја доведе безбедноста на граѓаните на Скопје во опасност, поради неземање предвид на ерозивните процеси на Водно, појавата на свлечишта, опасноста од поројни поплави и пожари. Бидејќи, појаснуваат, зонирањето кое се наметнува со одлуката не ги зема овие нешта предвид.

-За разлика од  построгата и постоечка заштитата која е на сила од 1976, со измени во 1989, 1990, 1991, со која најголемиот дел од Водно е заштитен како предел со посебни природни карактеристики: парк-шума. Водно во својот најголем дел е вештачки пошумено со видови кои претежно не се автохтони. Она што во најголема мера настанало вештачки, се прогласува за природно тогаш, поради постоење на правен вакуум и неопходноста за заштита поради безбедносната улога која ја има пошуменото Водно за град Скопје, стои во соопштението. 

Додаваат Водно е повеќенаменско, каде на прво место доаѓа безбедноста од поплавување на градот и заштита од пожари, потоа неговата рекреациска улога, еколошката улога за прочистување на воздухот и на крај е заштитата на природното и културно наследство. Неспорен и апсолутен приоритет е безбедносната улога на Водно, која со прогласување на Одлуката за Водно за заштитено подрачје од V категорија ќе се поништи.

Бараат решение сега, со Закон сега, а не одлкука која, како што наведуваат ќе донесе огромен број проблеми, некои со погубен карактер и можни бројни жртви и огромни штети. скс/ац/ 

Остани поврзан