• среда, 25 декември 2024

Невладините организации нема да номинираат членови во Комисијата за спроведување избори за членови на Судскиот совет

Невладините организации нема да номинираат членови во Комисијата за спроведување избори за членови на Судскиот совет

 Скопје, 23 јуни 2023 (MИА) - Платформата на граѓански организации за борба против корупција и Блупринт групата за реформи во правосудството денеска соопштија дека нема да номинираат член и негов заменик во Комисијата за спроведување на избори за членови на Судскиот совет од редот на судиите по основ на распишаниот јавен повик.

-Во изминатиот период, Блупринт групата и Платформата, побараа оставки од сите членови на Советот. Причината беше несоодветното и незаконско постапување на Судскиот совет, во претходниот период, со што ја загуби легитимноста да биде тело кое ќе ја штити судската независност, ќе го унапреди угледот на судскиот систем во јавноста и ќе гарантира отчетност и квалитет во работата на судиите, се наведува во соопштението.

Граѓанските организации ценат дека поднесените оставки на двајца членови не се доволни за да го вратат загубениот легитимитет, а изборот на двајца нови членови на Судскиот совет нема да ја смени перцепцијата за досегашното постапување на овој состав на Судскиот совет и со тоа нема да ги исполнат во целост нашите очекувања.

Граѓанските организации остануваат на ставот дека единствен начин за надминување на состојбите предизвикани со незаконското работење на Судскиот совет е доколку и останатите членови поднесат оставки и доколку се иницира унапредување на транспарентноста, отчетноста и инклузивноста во процесот за избор на нови членови на Советот. дма/бак/

 

Фото: МИА архива

 

Тагови

Остани поврзан