• среда, 25 декември 2024

Невакцинираните тенисери ќе може да играат на АО, но ќе бидат обврзани на двонеделен карантин

Невакцинираните тенисери ќе може да играат на АО, но ќе бидат обврзани на двонеделен карантин
Лондон, 25 октомври 2021 (МИА) - ВТА со писмо ги информираше играчите за условите под кои ќе можат да дојдат на Австралија опен 2022, објави новинарот Бен Ротенберг. Во писмото се вели дека сите играчи мора да приложат негативен тест за коронавирус најмногу 72 часа пред поаѓање во Австралија, а потоа уште еден во рок од 24 часа по пристигнувањето. Целосно вакцинираните играчи после тоа не подлежат на никакви ограничувања. Од играчите кои нема д абидат вакцинирани ќе се бара да поминат двонеделен карантин во хотелот, а потоа редовно да се тестираат. Не е наведено дали ќе можат да тренираат додека се во изолација. Сепак, се остава можност, во зависност од актуелната ситуација со пандемијата, овие услови да можат да се променат. зс/

Остани поврзан