• вторник, 17 декември 2024

Небензја пред СБ на ОН: Израелските воздушни напади врз Сирија го прекршуваат меѓународното право

Небензја пред СБ на ОН: Израелските воздушни напади врз Сирија го прекршуваат меѓународното право

Њујорк, 21 март 2024 (МИА) – Израелските воздушни напади врз цели во Сирија ги прекршуваат основните правила на меѓународното право и суверенитетот на таа земја, изјави постојаниот претставник на Русија во Обединетите нации Василиј Небензја на седницата на Советот за безбедност.

Небензја ја изрази својата загриженост особено поради фактот што Израел ги интензивира воздушните напади врз цивилни објекти во Сирија.

- Ваквите неодговорни дејствија создаваат ризик Сирија, како и одреден број соседни земји, да бидат вовлечени во регионален конфликт, посочи Небензја и остро ги осуди таквите напади врз Сирија.

Небензја посочи дека израелските напади водат до сериозни хуманитарни последици на кои треба да одговорат институциите на ОН. јт/

Фото: СБ на ОН

Остани поврзан