• четврток, 26 декември 2024

НДП нема да учествува на изборите на 12 април

НДП  нема да учествува на изборите на 12 април

Скопје, 1 март 2020

Повикувајќи се на неуспехот на албанските опозициски партии за формирање на еден здрав, национален опозициски блок, Беса, ДПА, ДР-ДПА, НДП, со тоа што сите албански политички партии, без исклучок, не успеаа да формираат еден вистински опозициски албански блок за три децении;

Повикувајќи се на фактот за поткопувањето за формирање на една здрава национална опозиција започната пред пет години од наша страна, меѓу НДП, ДР-ДПА и УНИТЕТИ, позната како коалицијата Алијансата за Албанците;

Повикувајќи се на последнoто неприфаќање на идејата за соединување на опозициските сили, ДПА, БЕСА, НДП, со тоа што дека сега партијата БЕСА заврши со македонска-албанска коалиција, СДСМ и партијата БЕСА;

Почитувајќи ги последователните барања, веќе три децении на албанскиот народ, за унифицирање и непарциализирање  на албанскиoт глас во линија на правата на албанскиот народ;

Имајќи го во предвид фактот дека правната држава не постои, и дека државните институции не презеле ниту најмалиот чекор за да ја откријат вистината за многуте феномени што ја карактеризираа плуралистичката Македонија, а каузата на НДП е ексклузивна битка за владеење на правото какo и откривање на вистината за многуте општествени политички феномени.

Повикувајќи се на фактот дека сите избори, особено овие на 12-ти април, се нееднакви, поради формалните и неформалите пари, каде што нема простор за фер и демократски избори;

Повикувајќи се на нашата мисла, дека изборите на 12 април ќе бидат нај нечесните избори одржани некогаш;

Национална Демократска Преродба, на редовната седница на Централното Собрание, одржано денес 01.03.2020 година во просториите на НДП, едногласно донесе одлука да не учествува на предвремените парламентарни избори на 12 април.

Каузата на Национална Демократска Преродба, за создавање на една здрава национална опозиција, како и владеењето на правото, откривање на вистината, меритокрацијата, и борбата против антидемократските, анти-националните и деструктивните сили, ќе продолжат да живеат на сите можни начини, и ние секогаш ќе бидеме тука за да продолжиме да даваме придонес за нацијата и верата.

Служба за Информирање – НДП 

___________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан