• среда, 20 ноември 2024

НВО „Градиме иднина“: Во земјава дневно питачат по две илјади лица

НВО „Градиме иднина“: Во земјава дневно питачат по две илјади лица
Скопје, 28 јули 2022 (МИА) - Во земјава дневно питачат по две илјади лица. Нашите истражувања покажуваат дека на територијата на цела држава има над четири илјади питачи, истакна на денешната прес-конференција Илија Јованов, претседател на Здружението „Градиме иднина“ - Скопје.
- Ние како здружение за осум месеци успеавме да остраниме од питачење 1.500 лица. Ги предупредувавме, ги насочувавме каде да ја барат помошта и дека решението не е во питачењето и не им е тука работното место, рече Јованов.
Тој информира дека денеска во Полициската станица Гази Баба оствариле средба со претставници од полициските станици Центар, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Аеродром, Ново Лисиче, Карпош, Гази Баба и Сарај за да се изнајде решение и околу тоа дека организаторите и макроата ги злоупотребуваат децата, и кои им ги одземаат парите што. Како што рече, за жал децата не ги добиваат парите од дневниот промет кој го прават од три до пет илјади денари.
Посочи дека претставниците на полициските станици истакнале дека професионално, совесно и одговорно ја вршат функцијата до постапувањето со поднесување на кривични пријави, приведување на малолетни деца, и на повозрасни лица кои прават прекршок, чествуваат во прекршокот и кои ги стават опасност – и самите себеси се ставаат во опасност, како и возачите на улиците каде што питачат.
Апелира до бизнис заедниците и општините да се вклучат во проектот за извлекување на луѓето од питачење. - Овој проблем треба да се решава на општинско ниво. Значи, секоја општина треба да им го решава проблемот на Ромите и апелирам до сите градоначалници наместо партиски вработувања да преземат поголема општествена одговорност. Вие како градски татковци на секоја општина вработете ги ромските семејства, понудете им програма за работа, понудете им курсеви, обуки за да се стекнат со нови знаења, сертификати затоа што не знаеме колкава е бројката на незавршено средно и основно образование, рече Јованов.   Исто така, упати апел и до министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, до Владата и до премиерот Димитар Ковачевски, оваа прашање да се реши институционално. - Замолувам институционално да им ги решиме проблемите, да бидат со закон заштитени, да бидат вработени, да им се доделат социјални станови, да бидат згрижени, да имаат дневни центри низ цела Македонија да работат со нив стручни лица. Барав да им се решат проблемите затоа што тие се без матични броеви, без нивни лични документи – лична карта, извод на родени, државјанства и се буквално препуштени сами на себе – ни на небо, ни на земја, посочи Јованов. Тој најави дека овој проект не застанува тука и оти ќе продолжи со остварување на средби со сите градоначалници и директорите на центрите за вработување од цела држава. Посочи дека од Владата и премиерот ќе побара да има ребаланс на буџетот за да се издвојат средства за покривање на трошоците на оваа ранлива категорија за посетување курсеви или обуки или да бидат ослободени од давачките кон државата за да има повратен ефект и да нема терет на државата.фф/са/

Остани поврзан