• среда, 18 декември 2024

НБ: Во март годишен раст од 3,5 отсто на вкупните депозити и од 9,8 отсто на вкупната кредитна поддршка

НБ: Во март годишен раст од 3,5 отсто на вкупните депозити и од 9,8 отсто на вкупната кредитна поддршка
Скопје, 21 април 2022 (МИА) - Вкупните депозити во март 2022 година, на годишна основа, се зголемени за 3,5 отсто, како резултат на зголемување на депозитите кај двата сектора, од кои поизразен е секторот домаќинства. На годишна основа, пак, вкупните кредити се зголемени за 9,8 отсто, како резултат на растот на кредитите кај двата сектора, кој е поизразен кај корпоративниот сектор, информира Народната банка (НБ). -Во март паричната маса забележа пад од 1,8 отсто на месечна основа. Надолната промена во најголем дел е резултат на намалувањето на депозитните пари, при забележан помал пад и на долгорочните депозити до две години и готовите пари во оптек, a во услови на раст на краткорочните депозити. На годишна основа, паричната маса е зголемена за 4,0 отсто, главно поради растот на краткорочните депозити, при позитивно влијание и на депозитните пари, во услови на забележан пад кај долгорочните депозити до две години и готовите пари во оптек, соопшти НБ. Вкупните депозити, во март, се додава во соопштението, се намалени за 1,7 отсто на месечно ниво, како резултат на падот на депозитите кај двата сектора, со поголем придонес на секторот „домаќинства“. На годишно ниво, вкупните депозити бележат раст за 3,5 отсто, кој во услови на зголемување на депозитите кај двата сектора, е поизразен кај секторот „домаќинства“. ‒ Во март, кај вкупните кредити е забележан месечен раст од 1,7 отсто, при годишен раст од 9,8 отсто. Притоа, месечната и годишната промена се под влијание на растот на кредитите кај двата сектора, којшто е поизразен кај корпоративниот сектор, посочуваат од НБ. Во март 2022 година, додаваат, вкупните депозити на корпоративниот сектор се намалени за 2,4 отсто на месечна основа. Притоа, надолната промена во најголем дел се должи на падот кај депозитните пари, при забележан пад и на долгорочните депозити во странска валута и краткорочните депозити во денари, додека краткорочните депозити во странска валута бележат раст. -На годишна основа, депозитите на корпоративниот сектор забележаа раст од 3,9 отсто, кој пред сѐ произлегува од зголемените краткорочни депозити во странска валута, при позитивен придонес и на депозитните пари, а во услови на пад на краткорочните и на долгорочните депозити во денари, велат од НБ. Кредитите на корпоративниот сектор, истакнуваат, бележат раст од 2,4 отсто, кој во услови на зголемено кредитирање во денари и во странска валута, е малку поизразен кај кредитите во странска валута. Годишниот раст изнесува 11,9 отсто и во поголем дел се должи на повисоките кредити во денари. -Во март, вкупните депозити на домаќинствата се намалени за 1,8 отсто на месечно ниво. Надолната промена е резултат на падот на депозитните пари, краткорочните и долгорочните депозити во денари, додека краткорочните и долгорочните депозити во странска валута забележаа раст. Депозитите на домаќинствата бележат годишен раст од 3,9 отсто, во најголем дел поради зголемените краткорочни депозити во странска валута, при помал раст и на долгорочните депозити во странска валута, во услови на остварен пад на долгорочните и краткорочните депозити во денари, прецизираат од НБ. Нагласуваат дека вкупните кредити на домаќинствата бележат нагорна месечна и годишна промена од 1,1 и 7,9 отсто. -Анализирано според валутната структура, растот на месечна и на годишна основа се должи на повисоките кредити во денари и во странска валута, со поголем придонес на кредитите во денари, посочуваат од НБ. Како што нагласуваат, според намената на кредитите одобрени на физичките лица, во март кај најзастапените категории ‒ потрошувачките и станбените кредити, е забележан месечен раст од 1,0 и 1,5 отсто  при годишен раст од 7,1 и 15,8 отсто. -По падот во претходниот месец, автомобилските кредити и кредитите одобрени на кредитни картички во март се повисоки за 0,9 и 0,7 отсто на месечна основа,  додека на годишна основа бележат пад за 13,5 и 4,1 отсто. Во март, кај негативните салда на тековните сметки е остварен месечен и годишен раст од 1,1 и 0,7 отсто, додека кредитите одобрени врз други основи се намалени на месечно и на годишно ниво за 2,3 и 32,9 отсто, порачуваат од НБ. вј/сп/

Остани поврзан