• сабота, 23 ноември 2024

НБА ја одби жалбата на Њујорк за резултатот на натпреварот со Хјустон

НБА ја одби жалбата на Њујорк за резултатот на натпреварот со Хјустон

Вашингтон, 29 февруари 2024 (МИА) – Одбиена е жалбата на Њујорк против резултатот на натпреварот против Хјустон.

НБА одлучи да го отфрли протестот на Никс поради нивниот пораз од Рокетс со 103:105 на 12 февруари.

Хјустон го победи Њујорк по слободни фрлања на Арон Холидеј во последната секунда. На кошаркарот му беа досудени три слободни фрлања кога резултатот беше израмнет. Прекршок му беше досуден на Џејлен Брансон. Холидеј изведе две слободни фрлања, а третото намерно го промаши – 105:103.

Судијата Ед Малој по натпреварот призна дека одлуката да се досуди фаул Брансон била грешка. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан