НБА ја истражува тужбата за Клиперс поврзана со потпишувањето на Ленард
- НБА ја испитува тужба иницирана против Лос Анџелес клиперс поврзана со ангажманот на првата ѕвезда на тимот Каваи Ленард во 2019 година.
Лос Анџелес, 18 декември 2020 (МИА) - НБА ја испитува тужба иницирана против Лос Анџелес клиперс поврзана со ангажманот на првата ѕвезда на тимот Каваи Ленард во 2019 година.
Џон Вилкс, кој тврди дека е дел од придружбата на Ленард, го тужи менаџерот на Клиперс, Џери Вест. Тој изјави дека му помогнал на клубот да го добие напаѓачот, но не ги добил ветените пари (повеќе од два милиони американски долари) од клубот.
- Тужбата поднесена Вилкс изобилува со неточности и обвинувањата во неа се неосновани. Клиперс активно соработуваат со НБА околу истрагата, што е стандард за ваквите обвинувања. Клубот и обезбедува на НБА докази дека обвинувањата се лажни, се вели во соопштението на клубот од Калифорнија.
Вест негира вмешаност во неправилни активности во ситуацијата со потпишувањето на договорот со Ленард.
Истрагата на НБА се однесува за индиректни контакти при трансферот кои според правилникот на лигата, се забранети. Доколку се докажат како точни обвинувањата на Вилкс, Клиперси би можеле да бидат казнети до 10 милиони долари и да им биде одземено правото за избор на драфтот.
Џон Вилкс тврди дека им ги дал на менаџерот Вест и на Клиперс информациите потребни за да го адаптираат своето претставување според желбите на Ленард. зс/