• среда, 04 март 2026

НБА: Тејтум в петок се враќа на теренот

НБА: Тејтум в петок се враќа на теренот


Бостон, 3 март 2026 (МИА) – Кошаркарот на НБА лигашот Бостон, Џејсон Тејтум, ќе се врати на теренот на 6 март, откако целосно закрепна од тешката повредата во текот на минатата сезона.
Според американските медиуми, се очекува Тејтум да биде во тимот на Бостон на дуелот на домашен натпревар против Далас, за прв пат откако ја скина Ахиловата тетива во првото коло од плејофот минатата сезона.
Тејтум веќе некое време тренира со полн интензитет со клупските колеги.
Бостон и во отсуство на Тејтум игра добро оваа сезона и се наоѓа на второто место во Источната конференција (41-20) зад лидерот Детроит. ег
ФОТО: ЕПА

Остани поврзан