НБА: Сезоната предвреме заврши за Ембид
- Камерунската кошаркарска ѕвезда Џоел Ембид ќе го пропушти остатокот од регуларниот дел од сезоната во НБА лигата поради постојаните проблеми со левото колено, објави синоќа неговиот тим Филаделфија.

Њујорк, 1 март 2025 (МИА) – Камерунската кошаркарска ѕвезда Џоел Ембид ќе го пропушти остатокот од регуларниот дел од сезоната во НБА лигата поради постојаните проблеми со левото колено, објави синоќа неговиот тим Филаделфија.
Ембид, кој беше најкорисен играч (МВП) во сезоната 2022/23, изминативе денови беше подложен на бројни тестови на коленото, а последниот покажа дека не е во состојба да продолжи да игра.
Од тимот најавија дека ќе работат со медицински експерти во наредните денови за да развијат план за целосно закрепнување на олимпискиот шампион со репрезентацијата на САД во Париз.
Минатата сезона Ембид одигра само 39 натпревари поради скинат менискус на левото колено, но се врати во тимот за плеј-офот, а потоа настапи во дресот на американската репрезентација на Олимпијадата во Париз. ег
ФОТО: ЕПА