• недела, 01 септември 2024

НБА нема да ја прекине сезоната ако, по нејзиното продолжување некој од играчите се зарази со коронавирусот

НБА нема да ја прекине сезоната ако, по нејзиното продолжување некој од играчите се зарази со коронавирусот
Вашингтон, 9 мај 2020 (МИА) - Доколку сезоната продолжи во НБА лигата, раководството во лигата нема повторно да го суспендира во случај некој од кошаркарите се зарази со коронавирусот, пренесува „Еурохопс“. Комесарот на НБА, Адам Силвер, оствари разговори со синдикатот на Лигата за продолжување на сезоната и почетокот на следната. Според Силвер, лигата не планира повторно да ја прекине сезоната доколку, по нејзиното продолжување, се најде коронавирус кај еден од кошаркарите. Исто така, шефот на НБА лигата истакна дека продолжувањето на сезоната може да се случи не порано од јуни. Веројатно, лигата ќе го заврши првенството во две арени - во Орландо и Лас Вегас. зс/

Тагови

Остани поврзан