• понеделник, 23 декември 2024

НБА лигата сака „влез“ во европската кошарка

НБА лигата сака „влез“ во европската кошарка

Париз, 3 август 2024 (МИА) - Адам Силвер, комесарот на НБА, откри дека се водат преговори за соработка со ФИБА. Можните планови вклучуваат организирање турнир еднаш годишно со кој би управувала НБА организацијата.

За време на посетата на Олимпијадата во Париз, Силвер и заменик-комесарот Марк Тејтум разговараа со претставници на ФИБА, претставници на лигата и други засегнати страни за подобро да ги разберат достапните опции.

-Верувам дека тука има огромна можност. Нема да ја промениме структурата на лигата на краток рок, но мислам дека сопствениците на нашите тимови сакаат дополнителни инвестиции во глобалната кошарка. Имаме големи иницијативи во Кина и Африка. Со оглед на квалитетот на кошарката во Европа, логично е да направиме нешто таму, изјави Адам Силвер.

За оваа иницијатива се размислува со години, а сега се чини дека реализацијата е се поблиску.

-Ќе одвоиме време што ни треба пред да одлучиме да продолжиме со каква било иницијатива. Не сакаме да ја оштетиме постоечката кошаркарска инфраструктура што е воспоставена овде, заклучи Силвер. дс

Фото: Архива

Остани поврзан