• вторник, 24 декември 2024

НБА: Ембид под истрага откако оттурна новинар

НБА: Ембид под истрага откако оттурна новинар

 

Њујорк, 3 ноември 2024 (МИА) – Ѕвездата на НБА лигашот Филаделфија 76, Џоел Ембид се судри со известувачот на локалниот медиум „Филаделфија Инквајер“, Маркус Хејс по синоќешниот пораз на домашен терен од Мемфис со 107-124, откако прво вербално, а потоа Ембид физички го оттурна репортерот, по што НБА објави дека покрена истрага за инцидентот.

Ембид, кој поради повреда не игра на почетокот на новата сезона, реагираше бидејќи Хејс во еден од своите написи ги спомна синот и покојниот брат на играчот. Во истиот напис, Хејс, исто така, го критикуваше Ембид поради честите проблеми со повредите, како и неговиот професионализам.

„Следниот пат кога ќе го спомнете мојот покоен брат или мојот син, ќе видите што ќе ви направам. И ќе можам да живеам со последиците“, изјави Ембид, кој го отфрли извинувањето на Хејс.

„Свесни сме за инцидентот во соблекувалната на Филаделфија и ќе започнеме истрага“, соопшти НБА.

„Оваа ситуација ја сфаќаме сериозно и ја истражуваме, а веќе стапивме во контакт со лигата“, изјави претседателот на кошаркарските операции во Филаделфија, Дерил Мори. ег

ФОТО: Икс

Остани поврзан