• понеделник, 24 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

НБА: Детроит израмни клупски рекорд од 2008

НБА: Детроит израмни клупски рекорд од 2008

 

Њујорк, 27 февруари 2025 (МИА) – Кошаркарите на Детроит го запишаа својот осми последователен триумф во НА лигата, совладувајќи го бранителот на титулата Бостон со 117-97 на домашен терен, со што го израмнија клупскиот рекорд од пред 17 години.

Последен пат кога Детроит успеа да наниже осум или повеќе победи беше помеѓу 23 јануари и 13 февруари 2008 година.

На полувремето екипите беа изедначени (55-55), но во вториот дел домашните постигнаа 62 поени, а примија само 42. Детроит до победата го предводеа Малик Бисли со 26 поени за 22 минути и Кејд Канингем, кој имаше 21 поени и 11 асистенции.

Од друга страна, актуелниот НБА шампион Бостон со поразот во Детроит ја прекина серијата од шест последователни победи. ег

ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан