• петок, 25 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

НБА: Голден Стејт и Орландо изборија место во плејофот

НБА: Голден Стејт и Орландо изборија место во плејофот

 

Њујорк, 16 април 2025 (МИА) – Кошаркарите на Голден Стејт се пласираа во првото коло од плеј-офот на Западната конференција во НБА, совладувајќи го Мемфис рано утрово на својот терен во Сан Франциско со 121:116.

Џими Батлер беше најефикасен во тимот на Голден Стејт со 38 поени, додека Стивен Кари додаде еден поен помалку.

Голден Стејт во плејофот ќе влезе од седмата позиција и во првото коло ќе игра против Хјустон, додека Мемфис в петок ќе има шанса да влезе во плејофот од осмото место, кога во вториот плеј-ин натпревар ќе игра со победникот од дуелот меѓу Сакраменто и Далас.

Орландо се пласираше во првото коло од плејофот на Источната конференција, откако ја совлада Атланта со 120:95, предводен од Кол Ентони, кој постигна 26 поени.

Орландо во плеј-офот ќе влезе од седмата позиција и во првото коло ќе игра против Бостон, додека Атланта в петок ќе има шанса да влезе во плејофот од осмото место, кога во вториот плеј-ин натпревар ќе игра со победникот од дуелот меѓу Чикаго и Мајами. ег

ФОТО: НБА/Фејсбук

Остани поврзан