НБА: Ванвлит казнет со 50.000 долари
- Кошаркарот на Хјустон, Фред Ванвлит (30) е казнет со 50.000 долари поради непримерно однесување кон официјалните лица на натпреварот против Портланд, објави вечерва НБА лигата.
Њујорк, 25 ноември 2024 (МИА) – Кошаркарот на Хјустон, Фред Ванвлит (30) е казнет со 50.000 долари поради непримерно однесување кон официјалните лица на натпреварот против Портланд, објави вечерва НБА лигата.
Ванвлит доби техничка грешка во последните моменти од натпреварот, во кој Портланд победи со 104-98, по што беше исклучен.
При напуштање на теренот, Ванвлит со вербален испад покажа со прст кон сите тројца судии.
– Ванвлит е казнет поради судир и користење вулгарен речник кон судиите при крајот на натпреварот против Портланд, соопшти НБА.
Кошаркарот на Хјустон го заврши натпреварот со осум поени, а оваа сезона на 17 натпревари имаше просек од 14,5 поени, 4,3 скокови и 6,1 асистенции. ег
ФОТО: Фејсбук