• сабота, 23 ноември 2024

На 99 години го победи Ковид-19, па им се врати на видеоигрите

На 99 години го победи Ковид-19, па им се врати на видеоигрите
Мадрид, 22 октомври 2020 (МИА) - Кога 99-годишната Шпанка, Флорентина Мартин се инфицира со новиот коронавирус во септември, нејзината внука не се плашела дека болеста може да ја убие. - Многу се плашев дека осаменоста ќе ја докрајчи пред вирусот, бидејќи се плашеше дека ќе остане сама, особено во болницата, вели Ноелија Вале. Нејзината баба почувствувала слабост кусо по 99-от роденден, на 16 септември. Сепак, таа имала само благи симптоми и оздравела бргу, со помош на нејзиното семејство, пријателите и негувателката Олга Арауз. Сега таа се чувствува добро и може повторно да ги гледа своите омилени емисии и да игра видеоигри на својот таблет. Со над милион случаи, Шпанија има најголем број заразени луѓе со коронавирусот во Западна Европа. Повеќе од 34.000 луѓе починаа од Ковид-19 во земјата, повеќето од нив на над 80-годишна возраст. си/ми/

Остани поврзан