• недела, 24 ноември 2024

На 26 мај ЕУ организира донаторска конференција за граѓаните на Венецуела кои побегнале од државата

На 26 мај ЕУ организира донаторска конференција за граѓаните на Венецуела кои побегнале од државата
Брисел, 15 мај 2020 (МИА) - Европската унија  и Шпанија на 26 мај ќе организираат донаторска конференција за да им помогнат на милиони венецуелски граѓани кои бегаат од земјата, како и на државите од Јужна Америка што ги примаат тие граѓани. Тоа го изјави шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел. - Конференцијата ќе ги поддржи соседните земји на Венецуела, што примаат голем број бегалци, рече Борел на прес-конференција, додавајќи дека епидемијата на коронавирусот дополнително ја влошила ситуацијата. Шпанскиот министер за надворешни работи Аранча Гонзалез Лаја изјави дека меѓународната заедница не може да не реагира на егзодусот на граѓаните на Венецуела, додавајќи дека е потребно да се реагира што е можно поскоро. На конференцијата ќе учествуваат повеќе од 40 држави и финансиски институции, во организација на Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР), Меѓународната организација за миграција (ИОМ) и ЕУ. Околу 4,9 милиони граѓани на Венецуела ја напуштија земјата од 2015 година, бегајќи од политичката и економската криза. Колумбија прими најголем број бегалци, околу 1,7 милиони. зш/

Остани поврзан