• четврток, 26 декември 2024

На 15 нови локации во Скопје ќе биде поставена урбана опрема

На 15 нови локации во Скопје ќе биде поставена урбана опрема
Скопје, 25 јули 2022 (МИА) - Советот на Град Скопје на денешната 15-та седница ја донесе Одлуката за определување локации за поставување урбана опрема, подвижни објекти, апарати и други направи во Градскиот парк Скопје, паркот Гази Баба, СРЦ Сарај, „Рајски парк“ во Ново Лисиче и на кејот на реката Вардар.
Како што соопшти Град Скопје, со одлуката се предвидени 15 нови локации, од кои во Градскиот парк три локации, во Гази Баба, исто така, три, во СРЦ Сарај четири локации, во „Рајски парк“ во Ново Лисиче две локации и на кејот на реката Вардар три локации.  Станува збор за урбана опрема и поставување подвижни апарати на предложените локации, што ќе овозможи да се зголеми посетеноста на наведените локалитети. сст/бак/
 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан