• четврток, 19 декември 2024

На 14 септември концерт „Нешто што ќе остане“ во Парк на Франкофонијата

На 14 септември концерт „Нешто што ќе остане“ во Парк на Франкофонијата

Скопје, 31 август 2024 

Општина Центар повторно го организира големиот музички хепенинг „Нешто што ќе остане“ во Паркот на франкофонијата на 14 септември. Новата музичка приказна за центарци и за сите скопјани започна да се пишува минатиот октомври во рамките на Програмата за култура на Општината.

Градоначалникот Горан Герасимовски најавува одлична забава со Влатко Лозаноски, Пајак, Лара, Таско, FIC & D'INVISIBLES и Сашко Коцев како водител на концертот.

„Како градоначалник на најурбаната општина во градот се стремам да ја подигнам културата на едно повисоко ниво, особено преку афирмирање на нашата домашна музика и македонските уметници. Несомнено во нашето секојдневје недостасуваат културни и музички манифестации што бесплатно ќе бидат достапни за сите граѓани. Со „Нешто што ќе остане“ Општина Центар дава свој придонес во негувањето на културните вредности. Ве поканувам на 14 септември во 20 часот да дојдете во Паркот на франкофонијата, да се дружиме и заедно да уживаме во нотите на македонската музика“, порача Герасимовски.

Музичкиот хепенинг „Нешто што ќе остане“ е новата приказна на Општина Центар што се реализира втора година и што ќе прерасне во традиција. Настанот е во целосна организација на Општина Центар, а од Буџетот се издвоени 1.500.000 денари.

Општина Центар

_______________________________________________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан