• четврток, 26 декември 2024

На 1 јуни седница на редовно изборно Собрание на ДПМ

На 1 јуни седница на редовно изборно Собрание на ДПМ

Скопје, 2 февруари 2024 (МИА) - Претседателот на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ) во оставка Христо Петрески за МИА потврди дека на 1 јуни 2024 година во 11 часот ќе се одржи седница на редовно изборно Собрание, на кое ќе се избира новиот претседател и другите нови органи и тела на Друштвото.

Тој денеска и на официјалната страна на Друштвото соопшти дека сите заинтересирани кандидати за функцијата претседател на ДПМ, своите кандидатури заедно со Програмата за работа во наредниот двегодишен период, треба да ги испраќаат на мејлот на Друштвото - „drustvonapisatelimk@gmail.com“.

Инаку, претходно на 25 ноември 2023 година и потоа на 27 јануари оваа година беше закажано Вонредното изборно собрание на ДПМ, но не беше одржано и на двата датума, поради немање кворум.

За последната седница која требаше да се одржи на 27 јануари, беше важечка само кандидатурата на писателот Мирче Нешовски за претседател на ДПМ, откако останатите кандидати ги повлекоа своите кандидатури. бт/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан