• среда, 25 декември 2024

На Јапонија и се приближува супертајфунот Нанмадол

На Јапонија и се приближува супертајфунот Нанмадол
Токио, 17 септември 2022 (МИА) - Јапонската метеоролошка служба апелира на евакуација на жителите на јужниот остров Кјушу пред пристигнувањето на супертајфунот Нанмадол. Според Заедничкиот центар на американската морнарица за предупредување од опасни тајфуни, Нанмадол би можел да прерасне во најразорна тропска бура, што ја погодила Јапонија во изминатите неколку децении. Јапонската метеоролошка агенција објави дека вечерва може да издаде „специјално предупредување“ за префектурата Кагошима и другите делови на Кјушу. Во соопштението се наведува дека во регионите постои можност за високи бранови и многу обилни врнежи од дожд. ми/

Остани поврзан