• петок, 27 декември 2024

На штипскиот Земјоделски факултет се одржува дводневен научно советување „Агро-наука и пракса“

На штипскиот Земјоделски факултет се одржува дводневен научно советување  „Агро-наука и пракса“

Штип, 19 април 2023 (МИА) - На Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип денеска и утре се одржува Меѓународно научно-стручно советување „Агро-наука и пракса“ на кое се презентираат резултати од областа на земјоделството.

Деканката на Земјоделскиот факултет, Емилија Арсов вели дека целта е да се обединат сите релевантни фактори од земјоделскиот сектор за споделување на знаење, искуство и проблеми. 

-Интересот од колегите од нашата држава и од Србија и Бугарија е на задоволително ниво. Имаме повеќе од 12 – 13 усни презентации и 23 постерни презентации на актуелни теми коишто го засегаат земјоделското производство, рече Арсов.

На научно-стручното советување присуствуваше и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, кој обрати внимание на стипендирањето на студентите. Забележа дека главните цели на ваквите активности е да се направи мост и силна комуникација помеѓу научно-истражувачката и практичната работа во земјоделскиот сектор. Николовски посочи и дека научниот сектор е особено важен, бидејќи ниту една одлука не е донесена без консултација со нив.

Прашан дали со новата Национална мрежа на индивидуални земјоделци ќе има соработка, Николовски истакна дека секој кој ќе изрази желба да бидат партнери нека достави апликација да станат економски-социјален партнер, како што и го предвидуваат законите. 

Според Николовски ситуацијата е подобрена  во речиси сите земјоделски гранки. За 300% се зголемени субвенциите за одгледувачите на ориз, а максимална поддршка и рекордна цена добиле и лозарите. вдј/ев/

 ФОТО: МИА 

Остани поврзан