• недела, 24 ноември 2024

На Централна Америка по пандемијата со Ковид-19 и се заканува денга треска

На Централна Америка по пандемијата со Ковид-19 и се заканува денга треска
Мексико Сити, 24 април 2020 (МИА) - Здравствените системи во земјите од Централна Америка, кои веќе се борат против пандемијата со новиот коронавирус, сега се соочуваат и со закана од епидемија на денга треска поради почеток на сезоната на дождови. Повеќе од 23.000 луѓе се заразиле со денга треската од почетокот на годината во Централна Америка. Минатата година 255 луѓе починале од 192.000 инфицирани со болеста што ја пренесува тигрестиот комарец. Денга треската брзо се шири за време на сезоната на дождови. Во Хондурас од почетокот на годината хоспитализирани се 10.975 луѓе заболени од денга треска, а деветмина починале од последици на вирусот, што предизвикува мачнина, пукање на кожата, слабост, боли во мускулите и главоболка. Во шестте држави од Централна Америка регистирани се над 6.000 заболени лица од Ковид-19, а 200 починале. Само Владата на Никарагва донесе драстични мерки за сузбивање на епидемијата, затворајќи ги границите и воведувајќи изолација на граѓаните. ми/

Остани поврзан