• среда, 25 декември 2024

На Флорида се урна зграда, најмалку еден загинат, десетмина повредени

На Флорида се урна зграда, најмалку еден загинат, десетмина повредени
Мајами Бич, 24 јуни 2021 (МИА) - Најмалку едно лице загина, а десетмина се повредени при уривање на дел од зграда со 136 станови во Мајами Бич во американската држава Флорида. Во тек е голема акција за спасување. Зградата се урнала во текот на ноќта, а на местото на несреќата биле испратени 80 противпожарни возила. Не е познато колку луѓе имало во зградата, но локалните медиуми јавуваат дека е потврдена  смртта на едно лице, а од урнатините досега се спасени 35 лица.
Гувернерот на Флорида, Рон ДеСантис изјави дека локалните и државните власти се надеваат дека повеќе луѓе ќе бидат спасени од урнатата зграда.
- Но, ние се подготвуваме и за лоши вести со оглед на уништувањето на кое бевме сведоци, рече ДеСантис.
На прес-конференцијата одржана во Тампа, гувернерот им се заблагодари на пожарникарите и на спасувачките екипи.
- Брзиот одговор беше многу важен, така се спасуваат животи. Сакам да им се заблагодарам за нивната храброст, рече тој.
Градоначалничката на Мајами, Даниела Левин Кава на прес-конференција изјави дека се урнале околу половина од становите во 12-катната зграда.
- Во тек е огромна операција за пребарување и спасување. Ќе сториме се што е во наша моќ да ги идентификуваме и спасиме заробените во урнатините, рече градоначалничката.
Таа рече дека станува збор за зграда со 136 станбени единици. паг/

Остани поврзан