На УКРО почна подготовката за поставување на новиот аксцелератор
- На Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија (УКРО) ќе се инсталира линеарен аксцелератор за потребите на онколошките пациенти. На клиниката денеска почна деинсталацијата на постојниот систем за радиотерапија, односно линеарниот акцелератор 356, стар околу 20-тина години.
Скопје, 19 септември 2023 (МИА) - На Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија (УКРО) ќе се инсталира линеарен аксцелератор за потребите на онколошките пациенти. На клиниката денеска почна деинсталацијата на постојниот систем за радиотерапија, односно линеарниот акцелератор 356, стар околу 20-тина години.
Како што соопшти Министерството за здравство, во тек се подготвителните активности за инсталација на неупотребениот линеарен акцелератор, кој беше купен пред седум години.
Ангажирана е професионална компанија за деинсталација на постојниот акцелератор. По деинсталација на апаратот ќе следат активности за адаптација и реновирање на бункерот и инсталација на новонабавениот апарат.
Министерството за здравство информира дека и покрај овие активности на клиниката нема да се наруши работата со пациенти и таа ќе се одвива непречено.
На оваа клиника во функција се уште три апарати за радиотерапија. мд/дма/
Фото: МЗ