• недела, 23 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

На УКЛО се одржа обука за интервенција во криза во услови на колективна траума

На УКЛО се одржа обука за интервенција во криза во услови на колективна траума

Битола, 21 март 2025 (МИА) - Професорките од Психолошкото советувалиште на УКЛО, д-р Драгана Батиќ и д-р Гордана Ристевска Димитровска, одржаа обука за интервенција во криза, фокусирана на колективна траума. 

Обуката беше наменета за психолози, педагози и социјални работници, кои работат во поддршка на луѓе во кризни ситуации, со акцент на помошта за деца, адолесценти и студентите.

Според професорката  Гордана Ристевска - Димитровска, потребно е да се обезбеди психосоцијална помош и да се создадат интервенции за да се помогне на засегнати од трагични настани, додека професорката Драгана Батиќ смета дека  трагичниот настан во Кочани  е колективна траума која ја засегнува целата заедница и дека е важно да се создаде поддршка меѓу стручните лица за да се превенираат понатамошни штети.

Психолошкото советувалиште на УКЛО е достапно за секој студент кој има потреба од помош и поддршка, беше посочено на денешниот едукативен настан во УКЛО- Битола. мт/ 

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан