• четврток, 26 декември 2024

На убиецот на Џон Ленон по 11 пат му е одбиено барање за условно ослободување

На убиецот на Џон Ленон по 11 пат му е одбиено барање за условно ослободување
Њујорк, 28 август 2020 (МИА) – На убиецот на легендарниот музичар Џон Ленон, Марк Дејвид Чепмен, по 11-ти пат му е одбиено барањето за условно пуштање од затвор, и ќе остане зад решетки уште најмалку две години, кога повторно ќе има право да бара условно ослободување. Чепмен (65) издржува доживотен затвор откако на 8 декември 1980 година пред зградата Дакота во Њујорк со пиштол ја уби ѕвездата на Битлси. Управата за условно ослободување на државата Њујорк објави дека на Чепмен не му е одобрена условна казна по разговорот одржан на 19 август, а причината за одбивањето не е објавена. јт/

Остани поврзан