• четврток, 26 декември 2024

На трети декември Изборно собрание на ЗНМ, ќе се избира ново раководство

На трети декември Изборно собрание на ЗНМ, ќе се избира ново раководство
Скопје, 2 ноември 2022 (МИА) - Претседателот на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) Младен Чадиковски, согласно член 37 од Статутот, свикува редовно Изборно собрание на ЗНМ на кое ќе се избира новото раководство на ЗНМ.
Изборното собрание ќе се одржи на трети декември 2022 година во Скопје, а новинарките, новинарите и медиумските работници што сакаат да учествуваат, треба да го ажурираат своето членство најдоцна до 25-ти ноември 2022 година, согласно одлуката на Управниот одбор на ЗНМ.Кандидатурите за претседател на ЗНМ, за членовите на Управен одбор, Надзорен одбор и за членови на Советот на честа треба да бидат доставени во писмена форма најдоцна до 29-ти ноември 2022 година во канцеларијата на ЗНМ, испратени на следнава адреса: Здружение на новинарите на Македонија, ул. „Градски Ѕид“ Блок 13, 1000 Скопје или да се испратат електронски на е-маил адресата на ЗНМ – contact@znm.org.mk со назнака „КАНДИДАТУРА за (претседател или член на конкретниот орган)“.Според актите на ЗНМ, за претседател на ЗНМ може да се кандидира секој редовен член на ЗНМ кој има поддршка од најмалку десет редовни членови. За член на Управен одбор и Надзорен одбор може да се кандидира секој редовен член кој има поддршка од пет членови на ЗНМ. За член на Советот на честа може да се кандидира секој редовен член со поддршка од пет редовни членаПодетални информации за условите за кандидирање во органите на ЗНМ се достапни во Статутот на ЗНМ, Правилникот за работата на Собранието кои се јавно достапни на веб-страницата на ЗНМ. Повеќе информации можат да се добијат и во канцелариите на ЗНМ, на е-маил contact@znm.org.mk  или на телефонскиот број: 02/3298-139. мд/аа/

Остани поврзан