• четврток, 26 декември 2024

На територија на цела држава 666 казни за брзо возење

На територија на цела држава 666 казни за брзо возење

Скопје, 21 август 2023 (МИА) - Во текот на вчерашниот ден во спроведената засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, казнети се 666 возачи.

Од нив, информираа денеска од МВР, 45 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а седум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 349 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 317 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најавија од МВР и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. цр/са/

Фото: МИА

 

Остани поврзан