• среда, 25 декември 2024

На територијата на цела држава 275 казни за брзо возење

На територијата на цела држава 275 казни за брзо возење

Скопје, 21 март 2024 (МИА) - Во спроведената акциска контрола на територијата на државава за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, во текот на вчерашниот ден се санкционирани 275 возачи, соопштија денеска од МВР.

Од нив, 20 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 155 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 120 надвор од населено место.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. цр/лв/

Фото: МИА архива

Остани поврзан