• недела, 24 ноември 2024

На територијата на СВР Битола санкционирани 17 возачи под дејство на алкохол 

На територијата на СВР Битола санкционирани 17 возачи под дејство на алкохол 

Скопје, 28 јануари 2024 (МИА) - Вкупно 17 возачи од кои 12 во Битола, четири во Прилеп и еден во Ресен се казанети во засилената акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол што во текот на изминатата вечер во периодот од 23:00 до 5:00 часот беше спрведена на територија на СВР Битола.

При тоа, како што информира МВР, биле откриени и девет останати прекршоци. 

Од МВР најавуваат дека и во наредните денови продолжуваат засилените сообраќајни контроли и апелираат граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.вј/

Фото: МИА архива

Остани поврзан