• среда, 25 декември 2024

На српскиот амбасадор во Софија предадена протестна нота поради ширење омраза кон Бугарите

На српскиот амбасадор во Софија предадена протестна нота поради ширење омраза кон Бугарите
Белград, 5 февруари 2021 (МИА) - Директорот на Дирекцијата за Југоисточна Европа во Министерството за надворешни работи на Бугарија, Дејан Катрачев, го повика амбасадорот на Србија во Бугарија, Жељко Јовиќ, за да му предаде протест поради изјавите на директорот на Академијата за национална безбедност, професорот Драган Симеуновиќ, кој во една ТВ емисија зборувал за „зверствата на Бугарите“, соопшти Бугарското национално радио на својата веб-страница. Министерството за надворешни работи на Бугарија наведува дека изјавите на Симеуновиќ претставуваат јасна манифестација на јазикот што шири омраза кон Бугарија и кон Бугарите и очекува соодветна реакција од српските власти и институции, се наведува во соопштението. Според бугарските медиуми, Симеуновиќ постојано ги обвинувал Бугарите за злоставување на деца и силување на жени за време на интервјуто за „Национална телевизија“. - Бугарите се познати по злосторствата што ги правеа каде и да одеа. Германците убиваа, а Бугарите се изживуваа. Тие дури имаа одред за силување. Семејството на мојот прадедо, бремена жена, чие дете беше извадено од матката, заедно со уште четири други деца беа живи спалени. Убиваа и свештеници и учители, воведоа и бугарска настава, изјави Симеуновиќ во емисијата „Српски свет“ на Национална телевизија, пренесува Интермагазин. Драган Симеуновиќ е српски политиколог и редовен профедот на Факилтетот за политички науки на Белградскиот универзитет. об/ми/

Остани поврзан