• петок, 23 јануари 2026

На состанок на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, утврдена потребата за формирање работна група за измени на Законот за еднакви можности

На состанок на Комисијата за еднакви можности на жените и мажите, утврдена потребата за формирање работна група за измени на Законот за еднакви можности

Скопје, 22 јануари 2026 (МИА) - Собраниската Комисија за еднакви можности денеска одржа затворен работен состанок за реализираните и планираните активности предвидени со Акциски план за унапредување на рамноправноста меѓу жените и мажите на СРМ 2025 – 2027.

Како што информираат од собраниската прес-служба, на состанокот е дискутирано за процесот за донесување на Етичкиот кодекс за пратеници и одредбите за родова еднаквост, јавните расправи кои претстојат за Комисијата во првиот квартал на 2027.

Дополнително, како што посочуваат, се утврдила потребата од формирање работна група за измени и дополнување на Законот за еднакви можности за жени и мажи.

-Во однос на стратешката цел 3: унапредување на рамноправноста на жените и мажите во надзорната функција и следење на препораките од ратификуваните меѓународни договори и конвенции – се подвлече одржувањето на јавната расправа, а за 2026 година останува обврската за одржување на најмалку една надзорна расправа од Комисијата, наведуваат од Собранието. фф/вј/

Фото: Собрание

Остани поврзан