• сабота, 28 декември 2024

На состанокот на Европскиот совет ќе биде претставен нов предлог за буџетот на ЕУ

На состанокот на Европскиот совет ќе биде претставен нов предлог за буџетот на ЕУ
Брисел, 21 февруари 2020 (МИА) - Европската комисија, која му дава стручна помош на претседателот на Европскиот совет, Чарлс Мишел, сподели документ со нов предлог за следниот седумгодишен буџет на ЕУ, според кој тој треба да изнесува 1,07 проценти од бруто националниот приход.

- Подготвен е технички докомент, потврди портпаролот на Мишел, Баренд Лејтс.

Тој додаде дека документот ќе биде претставен вечерва на пленарниот состанок на Европскиот совет. Ова е шесто одложување од утрово, бидејќи во текот на целиот ден се одржуваа билатерални разговори. Лидерите на ЕУ од вчера попладне се обидуваат на вонреден состанок да постигнат компромис за повеќегодишниот буџет на ЕУ, за периодот од 2021 до 2027 година. Минатата недела Мишел предложи буџетот на ЕУ за тој период да изнесува 1094,8 милијарди евра, што е 1,074 проценти од бруто националниот приход на 27 земји-членки. Тој предлог не го прифатија четирите „штедливи земји“ - Австрија, Данска, Холандија и Шведска, кои инсистираат следниот седумгодишен буџет да биде ограничен на еден процент од бруто националниот приход, што би значело дека буџетот би бил помал за 75 милијарди евра  од сегашниот. Тие 75 милијарди евра се всушност износот на придонесот на Велика Британија во европскиот буџет. паг/  

Остани поврзан