• среда, 25 декември 2024

На Сицилија измерени 48,8 степени Целзиусови, највисока температура во Европа

На Сицилија измерени 48,8 степени Целзиусови, највисока температура во Европа
Рим, 11 август 2021 (МИА) - Во провинцијата Сиракуза на Сицилија денеска е измерена температура од 48,8 степени Целзиусови, и тоа е, како што се наведува, највисоката температура од метеоролошките мерења на територијата на Европа. Весникот „Кориере дела сера“ објави податоци за мерењата на Агрометеоролошката информативна служба на Сицилија (СИАС), во киа се наведува дека денеска во 14 часот во малиот град Флорида во провинцијата Сиракуза е измерена рекордна температура на воздухот од 48,8 степени Целзиусови. Претходниот официјален рекорд го држеше Атина, каде беа измерени 48 степени во 1977 година, но 48,5 степени беа измерени на Сицилија во септември 1999 година, но тоа мерење не беше официјално потврдено како рекорд. зш/

Остани поврзан