• четврток, 26 декември 2024

На Русија и е забрането учество во ОЕЦД

На Русија и е забрането учество во ОЕЦД
Париз, 8 март 2022 (МИА) – Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), за земји посветени на демократијата и пазарната економија, ѝ забрани на Русија да присуствува на нејзините комитети, соопшти денеска ОЕЦД. Во соопштението се наведува и дека на Белорусија повеќе нема да и биде дозволено да учествува во работните групи на Организацијата со седиште во Париз. ОЕЦД формално одлучи да ги прекине пристапните преговори со Русија како одговор на нејзината инвазија врз Украина. Преговорите веќе беа во мирување по руската анексија на Крим во 2014 година. ми/

Тагови

Остани поврзан