• недела, 24 ноември 2024

На регионалниот пат Тетово-Јажинце ќе има семафори поради градежни работи

На регионалниот пат Тетово-Јажинце ќе има семафори поради градежни работи

Тетово, 27 септември 2023 (МИА) - Општина Теарце известува дека поради градежни работи ќе има поставено семафори на регионалниот пат од Тетово до Јажинце и граничниот премин со Косово. Станува збор за времена мерка која ќе трае до 13 октомври.

 - Поради градежни активности на системот за наводнување во Општина Теарце, на регионалниот пат Тетово-Јажинце кај местото село Теарце кај реката Бистрица, сообраќајот ќе се одвива со сигнализација на семафори. Работите започнуваат од утре на 28.09.2023 г. до 13.10.2023, а на местото ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација, информираа од Општина Теарце.

Од таму со порака до учесниците во сообраќајот да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да ја приспособат брзината спрема условите на патот. ас/ сан/

 

Фото: Општина Теарце

Остани поврзан