• среда, 25 декември 2024

На принцот Ендрју му е забрането да вечера со кралското семејство

На принцот Ендрју му е забрането да вечера со кралското семејство
Лондон, 12 октомври 2021 (МИА) - Британското кралско семејство му забрани на војводата од Јорк, принцот Ендрју да јаде со својот постар брат - војводата од Велс, принцот Чарлс и други членови на семејството. Покрај тоа, војводата, кому му се суди за сексуален напад, на гозбата по повод празникот на полковниците на Армијата, беше замолен повеќе да не ја претставува Гренадерската гарда, и беше побарано да го напушти настанот пред да почне вечерата, пренесува „Сан“. Тој, сепак, на крајот присуствуваше на вечерата како приватно лице. Гласноговорникот на „Кларенс хаус“ истакна: „Гренадерската гарда е претставена од регионалниот генерал-потполковник Роланд Вокер“. Вирџинија Робертс го тужи вториот син на кралицата за наводна сексуална злоупотреба врз неа кога таа била тинејџерка. Робертс тврди дека била жртва на трговија на педофилот милијардер Џефри Епстин - поранешен пријател на војводата, и била сексуално злоупотребена од војводата Ендрју во Лондон, кога имала 17 години - малолетничка според американскиот закон. Британскиот престолонаследник, деветти во редот, постојано ги отфрла обвиненијата.  си/сд/

Остани поврзан