• среда, 18 декември 2024

На претседателски избори до 11 часот гласале 141 087 лица, излезеноста на парламентарните 13,69 отсто

На претседателски избори до 11 часот  гласале  141 087 лица, излезеноста на парламентарните 13,69 отсто

Скопје, 8 мај 2024 (МИА) - Во вториот круг претседателски избори до 11 часот согласно податоците од 2.080 избирачки места гласале 141 087 лица, односно 12,87 отсто од вкупно запишаните 1.096.219 гласачи. Најголема е излезеноста во Пробиштип, 27,85 отсто, а најмала во Липково, 1,76.

-За парламентарните избори, пак, излезеноста е 13,69 отсто, покажуваат податоците од 1 976 избирачки места каде гласале 140 990 избирачи. Излезеноста е најголема во Кривогаштани, 28,38 отсто, а најмала во Врапчише, 5,2 отсто, соопшти претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. 

На прес - конференција по почетокот на денешното гласање, Даштевски информира во однос на претодно пријавените технички проблеми, во три избирачки места биле отстранети, а во Кочани, Охрид и Куманово ќе се продолжело со гасање на стариот начин со гласање со уве лампа и спреј.свс/лв/

Фото: Принтскрин

Остани поврзан