• среда, 25 декември 2024

На првата дама на Сирија, Асма ал Асад и е дијагностицирана леукемија, соопшти претседателскиот кабинет

На првата дама на Сирија, Асма ал Асад и е дијагностицирана леукемија, соопшти претседателскиот кабинет

Дамаск, 21 мај 2024 (МИА) - На првата дама на Сирија, Асма ал Асад, и е дијагностицирана леукемија, соопшти денеска кабинетот на сирискиот претседател. Дијагнозата доаѓа речиси пет години откако таа пријавила целосно закрепнување од рак на дојка.

Во соопштението се вели дека Асма (48) е подложена на специјална процедура за третман што бара таа да остане во изолација, поради што нејзините јавни ангажмани ќе сe откажани.

Во август 2019 година, Асма ал-Асад објави дека целосно закрепнала од рак на дојка, кој и бил дијагностициран претходно. рп/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан