• петок, 22 ноември 2024

На подрачје на СВР Струмица откриени 11 лица кои вршеле јавен превоз без лиценца

На подрачје на СВР Струмица откриени 11 лица кои вршеле јавен превоз без лиценца

Скопје, 24 октомври 2024 (МИА) - Полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Гевгелија и ОВР Валандово вчера на повеќе локации на подрачјата на Струмица, Гевгелија, Богданци и Валандово извршиле контрола на повеќе патнички возила и притоа констатирале дека возачите со возилата вршат јавен превоз на патници без да поседуваат лиценца издадена од надлежен орган.

- Полицијата изврши контрола на патничко возило „рено“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Н.М.(33) од Струмица, патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од А.Џ.(35) од Струмица, патничко возило „фиат“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.С.(44) од село Баница, струмичко,  патничко возило „мерцедес“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Х.К.(30) од Струмица,  патничко возило „фиат“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.К.(20) од село Баница, струмичко, патничко возило „форд“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Е.Ф.(33) од Струмица, патничко возило „фолксваген“ со струмички регистарски ознаки, управувано од И.А.(44) од Струмица, патничко возило „мерцедес“ со валандовски регистарски ознаки, управувано од Е.Ј.(35) од село Пиперево, општина Василево,   патничко возило „мерцедес“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Н.Ј.(41) од Радовиш, патничко возило „цитроен“ со струмички регистарски ознаки, управувано од К.С.(21) од село Баница, струмичко и патничко возило „фиат“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Џ.Д.(44) од село Доброшинци, општина Василево, информираат од МВР.

При контролата било констатирано дека возачите со возилата вршат јавен превоз на патници без да поседуваат лиценца издадена од надлежен орган. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни пријави. сст/са/

фото МИА архива

Остани поврзан