• недела, 24 ноември 2024

На подрачјето на СВР Тетово 186 казни за брзо возење, петмина возеле над 70 км/час повеќе од дозволеното

На подрачјето на СВР Тетово 186 казни за брзо возење, петмина возеле над 70 км/час повеќе од дозволеното
Скопје, 12 септември 2022 (МИА) - Вчера од 15.00 до 21.00 часот спроведена е акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената, во која вкупно биле изречени 186 мерки (ТЕ-132 и ГВ-54). Како што информираа од МВР, при контролата било утврдено дека 87 возачи (ТЕ-48 и ГВ-39) ја пречекориле максимално дозволената брзина надвор од населено место, од кои пет (ТЕ-4 и ГВ-1) за повеќе од 70 километри на час над дозволеното. Санкционирани се и 99 пречекорувања на пропишаната брзина во населено место (ТЕ-84 и ГВ-15), додека двајца возачи (ТЕ) ја пречекориле дозволената брзина за 50 километри на час. При контролата, наведуваат од МВР, откриени и санкционирани се и 15 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-8 и ГВ-7). цр/сст/

Остани поврзан