• недела, 22 декември 2024

На подрачјето на СВР Куманово изречени 60 казни за брзо возење

На подрачјето на СВР Куманово изречени 60 казни за брзо возење
Скопје, 17 јуни 2021 (МИА) - На подрачјето на СВР Куманово, денеска во периодот од 14 до 20 часот се санкционирани 60 возачи кои управувале со брзина поголема од пропишаната, информираат од Министерството за внатрешни работи. Од МВР напоменуваат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот. ар/сп/  

Остани поврзан