• среда, 18 декември 2024

На повеќе од 150 училишта во Британија им е наредено да затворат некои од нивните згради поради небезбеден бетон

На повеќе од 150 училишта во Британија им е наредено да затворат некои од нивните згради поради небезбеден бетон

Лондон, 1 септември 2023 (МИА) - Повеќе од 150 британски училишта добија наредба да затворат некои од нивните објекти, откако е утврдено дека тие не се безбедни.

Британското Министерство за образование соопшти дека 156 училишта се засегнати од присуството на т.н. автоклавен аериран бетон во нивните згради, за кој властите велат сметаат дека постои опасност од уривање.

Британскиот образовен систем, кој сè уште се опоравува од домашната настава за време на пандемијата на коронавирус, шест месеци годинава е погоден од штрајкови на наставниците, заради прилагодување на платите според инфлацијата.

Министерката за образование Џилијан Киган рече дека поголемиот дел од британските училишта ќе останат отворени за редовно учење за сите ученици, бидејќи проблематичниот бетон е пронајден само во мал дел од училишните згради. паг/

Фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан