• среда, 13 ноември 2024

На планината Голак одбележани 80 години од Февруарскиот поход

На планината Голак одбележани 80 години од Февруарскиот поход

Делчево, 23 февруари 2024 (МИА) - Пред постаментот посветен на Февруарскиот поход, денес на планината Голак во Делчево се одбележаа 80 години од Февруарскиот поход. Во чест на значајниот датум од НОВ, пред спомен плочата, цвеќе положија и се поклонија претставници од Општината заедно со градоначалникот Горан Трајковски, претставници од здружението на пензионери и други институции, спортски здруженија, граѓани и други.

Прес присутните членови на КУД ,,Гоце Делчев" подготвија реферат во кој истакнаа го нагласија учеството во походот на Третата воена единица во Македонија која што дејствувала на потегот на планините Голак, Плачковица, Осогово и Беласица, поход кој имал големо значење за развој на Народно-ослободителното движење во тој период. 

Градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски потенцираше дека во годината кога се одбележува значаен јубилеј 80 години слободно Делчево, сите со достојна почит се сеќаваат и го одбележуваат настанот кој имал клучно значење за остварување на крајната цел на НОВ-ослободување на Македонија, АСНОМ, а со тоа ослободување на Делчево.

-Успешното изведување на Февруарскиот поход пред точно 80-години имало извонредно историско и воено значење за македонската антифашистичка борба. Февруарскиот поход, кој траел еден месец, со поминати околу 400 километри во должина, во најнеповолни временски услови, покажал дека антифашистичката борба има масовен општонароден карактер во Македонија, рече Трајковски. Ова нѐ обврзува да се потсетиме на еден бурен период и да оддадеме почит на жртвите дадени за живот во слободна и самостојна македонска држава, рече Трајковски.

Наследството од НОВ како што додаде го трасира нашиот пат за иднината, да се вложиме сите кон европско издигнување на нашата држава имплементирајќи ги европските вредности.

По повод 80 години од Февруарскиот поход в недела (25 февруари 2024) во сорсботка со планинарскиот спортски клуб ,,Голак" Општината организира планинарски марш на кој дпсега се пријавени околу 50 улесници од неколку градови во државата. вс/сст/


Фото: МИА
 

Остани поврзан