На патот Ресен - Македонски Брод намалена видливост од 100 до 150 метри поради магла
- Според извештајот на ЈП „Македонијапат“ од 12 часот, поради појава на магла, намалена видливост од 100 до 150 метри има на патниот правец Ресен - Македонски Брод.
Скопје, 15 јануари 2026 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози.
Според извештајот на ЈП „Македонијапат“ од 12 часот, поради појава на магла, намалена видливост од 100 до 150 метри има на патниот правец Ресен - Македонски Брод.
-Сите патни правци се проодни. На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони - соопшти ЈП „Македонијапат“ и апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот. дма/вј/
Фото:МИА архива